Што да облечете денес?
•
3 октомври 2013
Комбинација од пастелни нијанси и џинс ви предлагаме за овој четврток. На вакво студено есенско време слободно можете да ги извадите своите чизми, но сепак да не бидат премногу зимски и да имаат крзно. Палтото во оваа комбинација е одлично стилизирано така што ќе допринесе за посебен шарм и елеганција. Фармерките нека бидат во цигара крој за да можете подобро да ги споите со чизмите до по колена. На фотографијата ви е приложено се, така да ве потсетуваме само да не заборавите на очилата за сонце.