Што да облечете денес?

23 април 2014

Променливото време периодов постојано не става пред  дилеми што да облечеме за тековниот ден, а притоа да го направиме вистинскиот избор на парчиња од кои пред се нема да ни биде ни претопло ниту  студено. Нашиот денешен предлог за што да облечете, е за девојки на кои им е неопходен комфор преку целиот ден, затоа сугерираме на урбана кежуал комбинација сочинета од темен џинс на фармерки во цигара крој, споени со едноставна широка црна маичка. Изборот на палтото може да оди во покласична или спортска варијанта, па така можете да комбинирате кратка тексасна или мото јакна, но нема да погрешите и доколку изгледот го надополните со класичен мантил. Старките се идеален спој во ваквите комбинацции, а веруваме дека поседувате еден ваков чифт како од фотографијата. За дополнителен шмек ставете и впечатлива шапка. Имајте убав ден!

Објавено:
23 април 2014
Категорија: 
Тренд