Што да облечете денес?

7 мај 2014

Драги наши припаднички на понежниот пол, доколку денес се двоумите што да облечете за дневна комбинација, а сакате таа да е комфорна, ние ви предлагаме токму таква варијанта од свежи бои на стајлинг составен од бебешко розови цигара фармерки надополнети со блуза во принт од морнарски пруги. Овој едноставен аутфит надополнете го со дискретни златни обетки, ниски рамни чевли во кафена нијанса и чанта која пак ќе се совпадне со пругите од блузата. Имајте убав ден!

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Тренд