Есента полека ни чука на врата, па затоа додека ги броиме последните денови од летото време е максимално да ги искористиме лесните текстури од летните парчиња. Нашата денешна предлог комбинација е елегантна, тренди и женствена, а не случајно предлогот е сочинет од ултимативни шик-парчиња кои ја обележаа топлата сезона. Бидете романтична и впечатлива од спојот на широките макси панталони со висок струк во пастелна нијанса на кои ќе им парира едноставен краток топ во бела боја. Оваа пастелна варијанта колорно разбијте ја со сандали и плик чанта во темно зелена нијанса. Нема да погрешите ако изберете ваква комбинација како за преку ден, така и за вечерва, а изборот на шминка и аксесоари, нормално останува на Вашиот избор. Нека овие 24 часа од денот Ви поминат со максимално позитивно расположение за кое дополнително ќе придонесе префинетоста од стилот.
•
30 август 2014
Објавено:
30 август 2014Категорија:
Тренд