Што да облечете денес?

30 јануари 2015

Овој петок нека биде полежерен од кога и да е! Без разлика дали одите на работа или ќе уживате во слободниот ден, денеска одберете светли нијанси со кои заеднички ќе ја повикаме пролетта.

Одберете тесни бели фармерки и комбинирајте ги со топол сив џемпер, што покрај тоа што ќе ве стопли, совршено ќе се вклопи со останатите парчиња.

Иако денеска е голема веројатноста дека повторно ќе имаме дожд, одморете ги нозете од чизмите и одлучете се за едноставни бели старки на кои малку подзаборавивте.

Капутот во крем боја е апсолутен хит оваа зима, така што слободно комбинирајте го со останатите парчиња, а воедно и со чантата во иста боја.

За денешната лежерна комбинација доволен ви е вашиот омилен часовник што ќе направи секаде да стигнете на време!

Уживајте во уште еден casual Friday!

Објавено:
30 јануари 2015
Категорија: 
Тренд