Што да облечете денес?

28 февруари 2015

677b9abefedf522600205fb7a9ae80e7

За оние што имаат слободен викенд, топло им препорачуваме да го искористат убавото време за прошетка и пријатна дружба со пријателите.

Токму за таа намена го одбравме и денешниот предлог за тоа што да облечете. Тегет здолништето со висок струк и бели точки во кобминација со бела блуза, а може и од тантела и тексасна јакна е идеална комбинација во која ќе се чувствувате пријатно, а сепак дотерано. Рамни кафени чизми со модни додатоци во истата боја ќе го надополнат вашиот изглед и ќе го направат идеален и за вечерни средби.

Така, на едноставен начин, вие сте подготвени за целодневно дружење со вашите пријатели и најблиски.

Уживајте во викендот.

Објавено:
28 февруари 2015
Категорија: 
Тренд