Што да облечете денес?

3 март 2015

Вториот ден од работната недела започнете го во супер тренди комбинација составена од неколку неверојатно елегантни парчиња. Тесните фармерки се клучно парче во денешната комбинација, а со нив комбинираме шик кафена кошулка со бели точки по површината. Одозгора, одберете класично црно палто што ќе ѝ даде совршен и елегантен завршеток на комбинацијата. Црните високи потпетици одлично ќе се вклопат со останатите парчиња , а од модни додатоци носиме накит во златни нијанси и мала црна чантичка со златен детал кај закопчувањето.

Уживајте во вториот ден од работната недела!

Објавено:
3 март 2015
Категорија: 
Тренд