Што да облечете денес?
•
18 април 2015
Драги девојки, денеска се разбудивме со прекрасно сонце во градот што нѐ инспирираше да ви понудиме тотално лежерна и фраерска комбинација. Бидејќи за денеска се најавуваат околу 24 степени, доволни ви се вашите омилени фармерки и тексас кошулата на која слободно можете да им ги подвиткате ракавите. За кафето со пријателките или со вашиот сакан, комбинирајте ги со нежни стилски потпетици во бела боја и мини чантичка со интересни сребрени детали. Комбинацијата украсете ја со впечатливи бохо обетки и секако, задолжителните очила за сонце.
Уживајте во оваа сончева и топла сабота!