Што да облечете денес?

23 април 2015

На само еден ден пред викенд, бидете полежерни и опуштени од кога и да е! Без разлика какви планови имате во текот на денот, завршете ги во тотално шик комбинација. Денеска носиме тесни фармерки во комбинација со бела маичка на тенки прерамки, а одозгора, сив опуштен џемпер што ќе ве стопли во текот на денот. Бидејќи старките се парче на кое никогаш не можеме да му одолееме, денеска носиме едни такви во бела боја! Кафената чанта и црната шапка на комбинацијата ќе и додадат совршена доза шик, што денеска единствено ни е потребна!

Објавено:
23 април 2015
Категорија: 
Тренд