Што да облечете денес?

7 ноември 2013

Овој четврток ви предлагаме комбинација за девојки со индивидуалистички стил кои сакаат да се издвојуваат од толпата. Од нашите претходни содржини ве советувавме кои парчиња од летната гардероба да ги оставите во вашиот гардеробер и за оваа сезона. Па така, плетеното фустанче или туника во вид на миље, за денес можете да го комбинирате со неколку долни парчиња ,а изборот може да падне на: кожени хеланки или панталони, фармерки, кратки панталони надополнети со хулахопки, но се во зависност од должината на вашето плетено парче. Одлично би било ако ги поседувате токму овие бои, винска и беж,  што одлично се надополнуваат. Од аксесоари главниот акцент го ставаме на мартинките и ленонките. Имајте убав и посебен ден!

Објавено:
7 ноември 2013
Категорија: 
Тренд