Што да облечете денес?

9 јуни 2015

Овој вторник го започнуваме во романтична комбинација составена од бело здолниште од тантела и пеплум блузичка во неодолива тиркизна боја. Оваа летна комбинација ја надополнуваме со кафени сандали со потпетица и чанта во иста нијанса. Накитот денеска е едноставен и во свежи бои, а секако, очилата за сонце по избор се задолжителни!

Објавено:
9 јуни 2015
Категорија: 
Тренд