Што да облечете денес?
•
6 јули 2015
Ја започнуваме неделата со една комбинација со деловна нота. Доколку вашето работно место не бара строг деловен кодекс, тогаш оваа комбинација може да биде идеална за старт на неделата. Популарните панталони килоти со висок струк, во сино-сива нијанса, ги комбинираме со бела кошула со точкаст принт. Мокасини во пудрена нијанса се нашиот избор за обувки, а чантата-ранец во слична нијанса со црни детали, дополнително и' дава „шмек“ на комбинацијата.
Удобно, летно, а може да биде и деловно.
Ви посакуваме убав почеток на работната недела.