Што да очекуваме од зимските дизајнерски колекции

28 јануари 2014

Во очекување на модните недели закажани за февруари и март  во четирите водечки модни метрополи: Милано, Париз, Лондон и Њујорк, а судејќи според најавните пред-зимски колекции на дизајнерите, следната зимска сезона ќе биде удобна, лежерна и обоена во богат колорит. Модните трендови се движат во една поедноставна и порелаксирана насока,  глобализирајќи ја  еко-пораката испратена преку изборот на материјалите кои дизајенрите ги користат во колекциите.

Дизајнерите најавуваат зима во која ќе комбинираме екстра удобни џемпери со романтични здолништа во А линија, класичните зимски палта ќе ги наметнеме со топли шалови односно ќебиња, ќе му се спротивставиме на зимското сивило со колор-блок комбинациите и богатиот микс на принтови, а женските панталони ќе бидат со опуштени кроеви, за разлика од машките кои за нијанса ќе се стеснат.

Издвојуваме неколку трендовски комбинации кои прогнозираат што може да очекуваме на писта за есен-зима 2014/15.

Џејсон Ву Џејсон Ву

Нина Ричи Нина Ричи

Александар Меквин Александар Меквин

Антонио Берарди Антонио Берарди

Диор Диор

Емилио Пучи Емилио Пучи

Кензо Кензо

Луј Витон Луј Витон

Мајкл Корс Мајкл Корс

 

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Тренд