Синџирите за фармерки се враќаат на голема врата во 2014!

3 јануари 2014

Синџирите за фармерки што ги одбележаа 90 – тите години, оваа нова година се враќаат на голема врата.

Од модната куќа Версаче не изненадија со фотографија на која јасно се гледа враќањето на синџирот за фармерки во комбинација со интересни модни додатоци.

Истиот беше навистина обожуван во текот на 90 – тите години кога го носеа буквално сите, од модерни девојки до шик момци и опасни рапери.

Синџир за фармерки од колекцијата на Версаче Синџир за фармерки од колекцијата на Версаче

Синџирите тогаш беа најпродаваниот моден додаток по кој полудуваа буквално сите. И кога на фотографиите од прославата на новогодишната ноќ овој синџир го видовме повторно кај Кристиано Роналдо, си помисливме дека можеби тој едноставно направил модно промашување, но дефинитивно сме погрешиле.

Доколку имате малку слободно време, почнете веднаш да пребарувате по плакарот во надеж дека ви останал барем еден ваков синџир на кој ќе му дадете нова шанса.

Што мислите вие, се радувате ли на враќањето на овој моден додаток од нашата младост?

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Тренд