Сламена шапка – додаток без кој не смеете да излезете од дома ова лето

19 јули 2014

Во лето сите сме во потрага по методи и начини кои ќе ни помогнат да се „спасиме“ од летните горештини. Мошне често бараме места каде има сенка и каде можеме да се освежиме. Доколку барате моден додаток кој ќе ви држи сенка додека вие се сончате на песочните плажи, тогаш дефинитивно тоа е сламена шапка со широк пречник.

Асос Асос

Ако мината сезона беа актуелни стилските шапки со мал пречник, оваа сезона тоа со сигурност се големите сламени шапки со широк пречник околу главата. Според модните експерти шармантната пејачка Лана Дел Реј не ги врати на пиедестал само цветните венчиња, туку во својот најнов спот таа и даде сосема друга димензија и на сламената шапка.

Еугениа Ким Еугениа Ким

Овој моден додаток е навистина функционален и универзален кога станува збор за стилот. Сламениот шешир можете подеднакво да го комбинирате и со макси фустан, но и со кратки панталони, па дури и со вашиот омилен костим за капење. Сламената шапка не само што ќе го освежи вашиот изглед и ќе ја разбуди бохо кралицата во вас, таа е одлична замена доколку вашата фризура изгледа несредено.

Ланвин Ланвин

Овој романтичен додаток ќе ја заштити вашата коса од сонцето, ќе ви помогне да го скриете лицето од љубопитните погледи и ќе направи да се почувствувате како вистинска холивудска дива.

Еугенија Ким Еугенија Ким

За вашата шапка да изгледа оригинално и единствено можете да замотате марама околу пречникот во дезен и боја која ви одговара со стајлингот, или пак да вметнете цветна лента или некој додаток што ќе го купите или пак сами ќе го направите. Еве кои модели на шапки се најпопуларни и најмодерни ова лето.

Објавено:
19 јули 2014
Категорија: 
Тренд