„Слип“ фустани за празничните ноќи
•
13 декември 2016
Веќе подолго време на модната сцена, едно сензулано и елегантно модно парче, е љубов на прв поглед за многу жени – „слип" фустанот.
Oвој претпразничен период е идеален за „слип" фустан во метални нијанси или таков од кадифе што совршено се комбинира со кратката кожена јакна и мото чизми.
Со оглед на тоа дека ултимативен тренд е слоевитото комбинирање на фустани со едноставни маички, „слип" фустаните се најидеалниот „партнер" на обичната бела маичка со интересен натпис.
Празничната понуда на high street брендовите вклучува огромен избор на „слип" фустани, комбинирани со тантела, во кратка или макси варијанта, со отворени шлицови или такви украсени со светки.
Инспирирајте се.