Слоевити есенски комбинации

29 септември 2017

Повеќе парчиња облека комбинирани во слоевит аутфит е нашиот омилен есенски тренд.
Опциите се бројни, а предноста е и во тоа што може да користиме различни парчиња облека наменети за различни сезони.

Да почнеме со тенка, свилена кошула, а да завршиме со макси капут од кашмир и беретка, е само една од многуте варијанти.

Може да правите богати колоритни комбинации во кои ќе имплементирате различни, контрастни бои или пак да споите различни нијанси на една боја.

Модните додатоци секогаш имаат значајна улога за комплетирање на стајлингот, па имајте ги во предвид меките плетени шалови, мини чантите за преку рамо, чизмите до глужд или над колена, како и плетените капи или беретки што се особено популарни сезонава.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
29 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.236 пати