Со едно парче имате комплетен летен изглед – кратки комбинезони

1 јули 2019

За време на летниот период, сите сакаме да го растеретиме нашиот секојдневен стил од непотребни парчиња облека.

Затоа идеални за летната сезона се едноделните комбинации што се изработени од пријатни, природни матерјали.

Меѓу таквите на кои им даваме предност се кратките комбинезони, што за време на летната сезона ги носиме во сите варијанти и прилики.

Тие се супер како избор и за на плажа, но и за вашите секојдневни летни излегувања во град.

Кога се во прашање моделите, изборот е фантастичен – од такви со флорални и тропски мотиви, до такви со карнери, во широки кроеви или во точки или пруги.

Објавено:
1 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
959 пати