Моќта на цвеќињата е нешто на што не смееме да заборавиме ниту оваа топла сезона, па оттука задолжителните парчиња доаѓаат токму со овој принт.
Она без што не смеете да си ги замислите овие денови е лежерниот фустан со романтичен цветен принт во комбинација со ѕвонестите ракави како ултимативен детал.
Ние го обожаваме бидејќи можеме да го носиме во многу пригоди, почнувајќи од секојдневните работни обврски, попладневниот ручек или пак вечерната забава со пријателите.
Основата на ова прекрасно фустанче е темно сина што ви овозможува комбинирање со било какви модни детали, без разлика на цветовите во малку посветла боја.
Во случајов, ние го комбинираме со неодоливи сиви чевли и чанта во слична нијанса која совршено одговара со лалињата во светла нијанса.
Пролетните забави и прослави се пред нас, па воопшто не треба да се двоумите доколку треба да присуствувате на некоја, а сѐ уште не го најдовте фустанот што ви одговара.
Можете да го комбинирате и со рамни чевли доколку не сте обожавател на потпетици, со тексас јакна во утринските часови, со шик модерно ранче или пак елегантна и женствена чанта.
Она што го прави овој фустан уште поубав се карнерите во пределот кај рамената и ѕвонестите ракави кои се чини сите ги обожаваат оваа сезона.
Бидете пролетна дива и разбудете го шармот во себе со ова супер фустанче во кое апсолутно вреди да се инвестира оваа сезона.