Стилското во едноставноста – црна кошула за секоја прилика

18 октомври 2016

Сите сме се нашле во ситуација кога едноставно немаме идеја што да облечеме, а тоа да биде соодветно за конкретна прилика.

Во таков случај секогаш имаме една сигурна варијанта – црна кошула со карнери или со „ѕвонести" ракави.
Предноста на ова парче е тоа што може да го комбинираме во различни аутфити.

За секој ден црната кошула со ѕвонести ракави ја комбинираме со џинс и мото чизми, додека за навечер одбираме елегантни чевли на високи потпетици и класични панталони од кадифе.

Едноставноста е незаменлива независно какви се актуелните тенденции, затоа секогаш вреди да се инвестира во облека која е основна на минималистичкиот стил.

 

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.354 пати