Street style by ELENA LUKA: Сребрени панталони + класична маица

28 септември 2021

Брендот ЕЛЕНА ЛУКА ве носи на есенска прошетка!

Можеби досега сте навикнале најмногу од нив да гледате авангардни и уникатни креации, но нивната последна есенска колекција изобилува со тренди, а сепак препознатливи парчиња за брендот, инспирирани од жените од сите возрасти и нивните потреби.

Нашиот денешен предлог е оваа модерна и урбана комбинација од ЕЛЕНА ЛУКА.

Сребрените панталони со металик сјај се апсолутен фаворит сезонава и се едно од парчињата по кои ќе посегнете секогаш кога сакате да избегате од монотонијата. Со висок струк со ластик, широки ногавици и џебови - ги содржи сите актуелни трендови сезонава.

Во комбинација е со црна маица на кратки ракави, во класичен крој, со јака - едно од оние безвременски парчиња. Во предниот дел има брендирани ленти и детали по кои ЕЛЕНА ЛУКА е препознатлива. Од мек и пријатен материјал, ќе биде едно од парчињата кои често ќе ги носите. Воедно поради црната боја и кројот, ја смирува комбинацијата и ја прави функционална за повеќе пригоди. Инаку, достапна е и во бела боја.

Живописните фотографии покажуваат точно како оваа комбинација функционира во рамки на street style приказни, а парчињата поеднакво добро функционираат и одделно, во комбинација со други.

Одличен предлог се не само за оваа есен, туку и за било кое време од годината, а се' ова е и повеќе од доволна причина да ги имате во својот гардеробер.

Совет повеќе: Во зависност од стилот можете да ги комбинирате со било кој модел обувки од последната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА, како и со чантите, со специјално дизајниран патерн и дизајн. 

Сите парчиња се достапни во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Капиштец (Скопје), како и на нивната онлајн продавница, преку која можете да ги купувате нивните производи од било кое место во светот.

 

 

Објавено:
28 септември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
423 пати