Свежи инспиративни комбинации како да носите карирано

6 ноември 2014

Новата сезона носи свежи идеи, пред се инспирирани од уличната мода. Добро познато е дека трендовите од 90-тите уште еднаш завладеаја во нашите гардеробери, а повеќето носталгично се врзаа до нив. Карираната кошула е првата асоцијација, а не се сомневаме дека ви е една од омилените меѓу сите останати парчиња што висат на закачалките.

 

Со доаѓањето на студените денови, карираните кошули инстантно се вметнаа од комбинациите кои пред сè овозможуваат урбан изглед. Во продолжение ќе погледнете неколку интересни и креативно парирани комбинации, за кои не постојат модни парвила.

Дури и да се облечете целосно во карирани парчиња во иста боја, нема да погрешите. Освен класичниот кариран дезен во црвена боја, сега на полиците од продавниците лесно ќе најдете и таков во други бои и димензии на квадратчињата.

 

Модните инсајдерки се сигурни во моќта на карираното, а од нивните стајлинзи од фотографиите, инспирирајте се за некоја нова комбинација каква не споивте минатата сезона.

 

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Тренд