Покрај со нашата омилена кожена јакничка, оваа пролет комбинациите дефинитивно не можеме да си ги замислиме без тексас јакната која е вистински задолжително парче сезонава.
Тексас парчињата веќе долго време не биле популарни како што се оваа сезона, така што покрај фармерките, нешто задолжително се и тексас јакните.
Ние обожуваме да ги комбинираме со долги бохо фустани со неодоливи принтови и секогаш рамни чевли и многу накит!
Она што е вистински кул кај овие парчиња, е тоа што како кај многу сезонава, тие се супер лесни за комбинирање и може да ги носите во повеќе пригоди.
Без разлика дали се работи за некоја свечена пригода кога сакате да облечете елегантно фустанче со тенки прерамки или пак едноставна комбинација за на работа, тие се секогаш тука за да ви излезат во пресрет.
Понудата на тексас јакни кај брендовите оваа сезона е и повеќе од задоволителна, па така секоја девојка може да си ја најде јакничката што совршено и прилега.
Едни од најубавите парчиња можете да ги најдете во понудата на шведскиот бренд H & M, од каде доаѓаат и најпопуларните модели сезонава, а подеднакво хит парчиња ќе најдете и во понудата на Манго.
Доколку сте креативни и барате малку поразлични модели од сите останати, она што можете да го направите е на едноставниот модел, да му додадете малку од вашата креативност и да се издвоите од толпата.
Во продолжение, погледнете некои од најбараните модели на тексас јакни сезонава.