Тексас комбинезон + потпетици: ИТ комбинација за оваа сезона!

21 мај 2015

Покрај класичните фармерки што ги обожаваме веќе децении наназад, ова тексас парче ќе го преземе приматот ова лето!

Тексас комбинезонот е задолжителното парче што мора да го имате во вашиот плакар и кое е ултра лесно за комбинирање.

Ние обожаваме да ги носиме со едноставна бела маичка на куси ракави, а на целата комбинација ѝ додаваме доза елегантен шик со високи потпетици во свежи и ведри бои.

Светските трендсетерки веќе одамна се заљубени во ова парче, па не испуштаат ниту една пригода да му ги покажат на светот неговите варијации.

Ваквиот комбинезон надополнет со високи потпетици добива еден сосема поинаков и тотално кул изглед во кој ќе уживате секогаш кога сакате да се чувствувате лежерно, а истовремено модерно.

Доколку не сте обожавателка на тексас, тогаш нема да погрешите и ако одберете комбинезон во црна, бела или некоја друга вам омилена боја со која ќе блеснете во текот на летниот период.

Во продолжение, погледнете неколку предлози за тоа како можете да ги комбинирате вашите омилени комбинезонки ова лето!

Објавено:
21 мај 2015
Категорија: 
Тренд