Изборот на практични, а истовремено атрактивни парчиња облека, може да ни заштеди време и брзо да ни го реши прашањето: што да облечам за оваа или онаа прилика.
Од тој аспект, комбинезонот е секогаш рационален избор.
Парче кое е многу едноставно за носење и комбинирање. Џинс, лен, памук се секогаш присутни во потесниот летен избор, кога се во прашање материјалите од кои е изработен.
А со оглед на тоа дека оваа сезона интензивните бои се водечки тренд, моделите во жолти, зелени, сини, виолетови тонови се хит.
Од друга страна пак џинс комбинезоните и оние во сафари стил, во беж нијанси, веќе преминуваат во класика.
За посвечени пригоди, кроевите варираат од такви со диско естетика и широки ногавици до плисирани, со отворен грб или длабоко деколте.
Селектиравме избор од Топ 20 што сигурно ова лето ќе ви го направат стилски многу поедноставно.
Фото: Пинтерест