Тренд аларм: Блуза со карнери задолжителна за сите прилики
•
9 февруари 2017
Доколку сезонава баравте една блузичка која што ќе можете да ја носите во разни пригоди, денеска ја пронајдовте. Ова парче во неодолива кафена нијанса ќе биде вашето ново омилено бидејќи ќе можете да го носите со што и да посакате. Комбинирајте ја слатката кошулка со карнери со едноставни фармерки и рамни чевли или пак некое здолниште со висок струк кое е одлично за на работа. Носете ја во секоја пригода, а збогатете ја со вашиот омилен ѓердан или обетки со што дополнително ќе ја истакнете. Ова е дефинитивно парчето во кое вреди да инвестирате оваа сезона.
Стајлинг: Fashionel
Парчиња: Fashion Group
Фармерки, кошула: Mango
Чевли: Bata
Ѓердан: Dve Smizle Skopje
Шминка и фризура: Даниел Николовски
Модел: Калина Лозаноска
Модна агенција: Моделс Ин