Тренд аларм: Џинс комбинација за мажи

22 јануари 2015

stajling-22.01

Џинсот е еден од оние материјали кои никогаш не губат на популарноста. Денес ние ви предлагаме една таква машка комбинација, а предизвикот е во комбинирањето на различни нијанси на џинс.

Основата нека се фармерки во темносин тексас, во комбинација со светлосина тексасна кошула. За да не биде се' монотоно и сино, комбинацијата ја освеживме и и' внесовме живост со џемпер во интензивна жолта боја. Кога се обувките во прашање, вистински избор се овие тексасно-сиви патики.

Со оглед на убавото време и обврските, ви предлагаме комбинацијата да ја заокружите со спортска чанта во кафена боја, која не само што ќе го надополни вашиот изглед, туку ќе се покаже како практичен моден додаток додека сте во постојано движење.

Ова е совршено удобна и тренди комбинација, во која ќе се чувствувате одлично и ќе одговорите на сите денешни задачи.

Објавено:
22 јануари 2015
Категорија: 
Тренд