Тренд аларм: Елегантен црн комбинезон за празничните забави

2 јануари 2019

Иако Новата година помина, тоа не значи дека забавите треба да запрат. Пред нас е уште еден празничен викенд, а тука е и прославата за Стара нова година, па така сè уште можете да одберете некое парче во кое ќе блеснете.

Доколку не сте обожавателка на фустаните или дводелните комбинации, тогаш комбинезоните се вистински избор за вас.

Денеска ви предлагаме еден токму таков направен од прекрасно кадифе кое е совршен избор за новогодишните забави, бидејќи изгледа навистина луксузно.

Во случајов, ние го комбинираме со црни чевли на висока потпетица и секако, впечатлива шминка и фризура што ќе ја разубави секоја ваша комбинација.

И овие празници блеснете во совршено одбрана комбинација во која ќе бидете впечатлива каде и да се појавите.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинезон, потпетици: Mango

Модел: Тадеа Павловска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
2 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
752 пати