Тренд аларм: Кафен комбинезон и крем џемперче со високи чизми

3 октомври 2019

Комбинезоните повторно се враќаат во мода, а во текот на студената сезона дефинитивно се едни од омилените на девојките.

Кога ќе споменеме комбинезон, најчесто нѝ текнува на оние изработени од тексас, но денеска ви претставуваме еден сосема поинаков изработен од сомот и совршен за првите есенски денови.

Стилскиот комбинезон го комбиниравме со тенко џемперче во крем нијанса и интересна плетка, а комбинезонот можеме да го носиме и со некоја потенка и интересна блузичка.

Комбинацијата ние ја надополнивме со високи чизми во крем нијанса со впечатлива потпетица и чантичка со интересен принт.

Во студените денови, стајлингот истакнете го со некое палто или стилска јакничка од соодветен материјал и уживајте во зимата што доаѓа.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинезон, џемпер, чизми, чанта: Манго

Фризура и шминка: Елена Лука

Модел: Веда Евтимова

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
3 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.186 пати