Тренд аларм: Лежерен летен фустан + стилски портокалови сандали

30 мај 2019

Секое лето е во знакот на светлите бои, а денеска ви предлагаме една комбинација што совршено ги отсликува долгите топли денови.

Станува збор за лежерен плетен фустан во нежна розова боја со должина до под колената и странични отвори.

Погоден е за сите летни прослави и вечерни забави, па дури и за лежерна прошетка со пријателите кога сакате да бидете впечатливи.

Ние истиот го комбинираме со портокалови сандали на потпетица и интересни обетки во интензивна сина боја бидејќи летово сакаме разиграни стајлинзи.

Ова е само еден пример како да бидете впечатлива каде и да се појавите оваа летна сезона, а знаеме дека ќе има многу забави!

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, сандали: Mango

Обетки: Parfois

Модел: Татјана Јанушева

Модна агенција: Моделс Ин

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Cherry Orchard

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.609 пати