Без оглед на времето, ништо не може да не спречи да одбереме шик фустанче во кое ќе поминеме супер моменти каде и да го поминеме слободниот ден.
Станува збор за едно навистина интересно и уникатно фустанче во темно сива боја со особено интересни карнери во интензивна жолта боја во долниот дел.
Истото е супер избор за различни пригоди, па така можете да го носите на некои лежерни и неформални настани, но слободно можете супер да изгледате и на некоја поексклузивна забава доколку добро го комбинирате.
Носете го со високи чизми до над колената, со рамни мото чизмички во сива нијанса, но и со високи потпетици за поелегантен изглед.
Надополнете го со интересен накит и шминка и фризура и уживајте во слободниот ден и викендот што доаѓа.
Фустан: Fashion & Friends
Шминка: Студио Инфинито
Модел: Соња Граждани
Модна агенција: Моделс Ин