Тренд аларм: маичка со точки и кратки бермуди

27 август 2019

Ако сте меѓу оние што се подготвуваат за летен одмор во септември, имаме одличен предлог за тоа што да спакувате во вашите куфери.

Нашиот денешен избор за тренд аларм е комбинација што може да ја искористите буквално за секој сегмент од вашиот летен одмор (може да ја носите и на плажа и за попладневни прошетки).

Се работи за тренди маичка на прерамки во нежно зелена боја со принт во точки, а е комбинирана со кратки бели бермуди од Манго.

Комбинацијата е надополнета со бели патики што се хит и оваа сезона, очила за сонце од Parfois, а особен шарм на комплетниот изглед додава плетената чанта што може да ја носите по избор – со кратка или долга рачка.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Маичка, шорц, патики, чанта: Mango
Очила за сонце: Parfois
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Ванеса Гоцева
Модна агенција: Моделс Ин

 

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
535 пати
Тагови: 
тренд аларм