Кога сме кај пролетта, дефинитивно нема поубаво парче од кошула – фустанот кој стана инстант хит меѓу девојките ширум светот.
Оваа среда ние ви предлагаме токму таков кој знаеме дека ќе го обожавате. Станува збор за кошула фустан со должина до колената и со шлиц од страните, во темно сини и бели пруги.
Истиот има и мала врвка со која можете да ја нагласите половината доколку сакате, или пак да ја пуштите лежерно да паѓа.
Она што е супер е тоа што ова фустанче има долги ракави, но можете да ги прикачите со копчето и вистински да уживате во високите пролетни температури.
Комбинирајте го со овие слатки чевли со ремчиња кои се како создадени за ова време од годината, а можете да ги носите и со што било друго.
Она што остава супер шик впечаток е оваа чанта во интересна бронзена боја со метални ремчиња во која ќе ги соберете сите богатства што на една девојка ѝ се потребни.
Оваа фантастична комбинација можете да ја носите на работа, за излегување, за куса прошетка, па дури и за некоја лежерна забава на која ќе се чувствувате супер.
Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group
Кошула – фустан: Springfield
Чевли: Bata
Чанта: Parfois
Модел: Елена Србиноска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Елена Лука