Уште само неколку недели нѐ делат од едно од најубавите годишни времиња, есента, па сега имаме вистинска можност максимално да ги искористиме последните летни денови.
Доколку не искористивте дел од летните попусти, имате уште малку време за тоа, а нешто во што може да инвестирате и доколку го најдете во новите колекции дефинитивно е комбинезонот.
Овојпат ви предлагаме неодоливо стилски комбинезон во маслинеста нијанса кој ќе биде вашиот сојузник за бројни пригоди, како разни свечености и забави, но истиот можете да го носите и на работа, доколку условите ви го дозволуваат тоа.
Комбинезонот е без ракави, а на половината има впечатливо кафено копче и интересни јаки со суптилно деколте.
Ние го комбинираме со впечатливи потпетици со животински принт, бидејќи комбинезонот е еднобоен и можете да експериментирате и мини чантичка како еден од ултимативните трендови сезонава.
Фризурата и шминката како и секогаш се минимални, но со добра основа и есенски тонови што ги обожаваме, а допрва ќе бидат хит.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Комбинезон, чевли, чанта: Mango
Шнола: Parfois
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Ванеса Гоцева
Модна агенција: Моделс Ин