Тренд аларм: Шик комбинација за удобни денови
•
10 февруари 2015
Денешниот тренд аларм се состои од неколку клучни парчиња што се добредојдени во овој студен февруари.
Комбинацијата е составена од топол џемпер во боја на љубовта и тренди boyfriend фармерки со скинати делови од колекцијата на Манго.
Истакнете ја вашата женственост со оваа романтична марама од Парфоа, а додајте и малку урбаност во комбинацијата со овие уникатни патичиња од Бата.
Бидејќи студеното време ќе се задржи во нашиот град речиси цела недела, одозгора одберете тренди капут во некоја ваша омилена боја и уживајте во неделата!