Тренд аларм: Широко џемперче со копчиња и нежно здолниште

21 ноември 2018

Есента е веќе во полн ек, а тоа значи дека со неа дојдоа и дождовите, но никако не смееме да се откажеме од шик парчињата облека.

Денеска ви презентираме една тренди комбинација составена од неколку прекрасни парчиња во шармантни есенски бои што ќе ги обожавате.

Иако во светли нијанси, ова топло џемперче со впечатливи копчиња во предниот дел ќе биде  неизоставен дел од вашата гардероба оваа сезона, а ние го комбинираме со широко лелеаво здолниште за уште повпечатлив изглед.

Комбинацијата ја надополнуваме со тренди високи чизми во темно кафена нијанса, а косата ја украсивме со неколку романтични шноли како едни од најпосакуваните модни додатоци сезонава.

Уживајте во прекрасната жолта есен!

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Џемпер, здолниште, чизми: Mango

Шноли: Parfois

Модел: Софија Симоноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
21 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.880 пати