Тренд аларм: Стилска кошулка + искинати фармерки

13 јуни 2016

Во согласност со времето надвор, денеска ве потсетуваме на потребата секоја девојка во својот плакар да има стилска кошулка која ќе ја комбинира со џинс во секое време. Токму таква ви предлагаме денеска, овој пат, во неодолива сина боја со бели пруги по површината. Истата е направена од лежерен материјал во кој ќе уживате во текот на целиот ден, а без двоумење комбинирајте ја со искинат џинс во малку потемна боја. За да ја разиграте целата комбинација, украсете ја истата со овој фантастичен ѓердан во неодолива пролетна боја, украсен со морски детали кои секогаш ги обожаваме. 

Комбинација: Fashion Group 

Фармерки: Mango

Кошула: Springfield

Ѓердан: Parfois

Модел: Мартина Пенева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и Фризура: Студио Инфинито

Објавено:
13 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.063 пати