Тренд аларм: Свилен фустан за совршена Нова година

20 декември 2016

На само две недели пред Новата година, почнуваме со серија предлози што би можеле да одберете како комбинација за најлудата празнична ноќ.

Она што денеска ви го предлагаме е овој неодолив свилен фустан во нежна розова боја кој ние сакаме да го комбинираме со топол џемпер за уште посилен впечаток.

Истиот е со ракави до под лактите и должина малку над колената што го прави соодветен за секоја прослава.

Украсете го со овие алки во фантастични нијанси кои ви се сосема доволно кога станува збор за накит за време на новогодишната ноќ.

Фустанчето го комбинираме со чевли на висока потпетица во боја на кожата кои совршено се вклопуваат во целосната комбинација.

Оваа Нова година блеснете во полн сјај со совршената комбинација!

Комбинација: Fashion Group

Фустан, џемпер, чевли: Mango

Алки: Parfois

Модел: Соња Граждани

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Студио Инфинити

Објавено:
20 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.701 пати