Тренд аларм: Уникатен комбинезон за сите пригоди

10 мај 2017

Веќе некое време во полн ек е сезоната на разни прослави за кои секогаш е комплицирано да се најде совршеното парче во кое ќе блеснете.

Ако оваа пролет сакате нешто сосема поинакво, нешто со што ќе се издвоите од толпата, тогаш овој комбинезон е совршениот избор за вас.

Станува збор за комбинезон во прекрасна темно зелена боја со цветови во бела и кафена боја како апликации и со интересен отвор во предниот дел кој го прави уште попривлечен.

Комбинезонот комбинирајте го со кафени сандали со ремчиња кои можете да ги носите и во многу други пригоди, а украсете го со една впечатлива и масивна алка во темно зелена боја.

Доколку оваа сезона го набавите овој комбинезон, бидете сигурни дека ќе бидете вистинска дама каде и да се појавите, а дефинитивно ќе се издвоите и од сите останати присутни.

Претстојниот викенд е совршено време за шопинг!

Стајлинг: Fashionel

Комбинации: Fashion Group

Комбинезон: Mango

Сандали: Springfield

Алка: Parfois

Модел: Фросина Блажеска

Модна агенција: Models In

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
10 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
910 пати