Тренд: Џемпер туники

14 ноември 2014

Нема ништо поудобно од плетена облека. А уште кога е апсолутен тренд, комбинацијата е добитна. Веќе пишувавме за актуелните џемпери, плетени фустани, а сега ви ги претставуваме џемпер туниките.

Предноста на туниките е тоа што можат да се комбинираат со здолништа, панталони, хеланки, комбинации во кои ќе се чувствувате и удобно и модерно.

Туниките најдобро е да бидат широки, за број или два поголеми од оној што го носите. Овој тренд го применија и голем број од дизајнерите, па туники од ваков тип видовме во колекциите на Москино, Кензо, Мајкл Корс, како и кај уличните брендови.

Во продолжение погледнете ја галеријата и инспирирајте се за некој од лежерните стајлинзи за денес.

Објавено:
14 ноември 2014
Категорија: 
Тренд