Алберта Ферети направи одлична проценка и погоди во центарот со џемперите со деновите од неделата. Во 90-тите беше популарна долна облека со такви натписи, но дизајнерката успеа да наметне сосема нов тренд.
Доказ за тоа е што речиси и да не постои позната личност што нема макар еден во својот гардеробер. Постои ли подобра реклама од тоа?
Џемперите дури го прошетаа и цвениот килим на филмскиот фестивал во Венеција и тоа благодарение на моделите Исабели Фонтана и Изабел Гоуларт.
И двете се појавија во црна варијанта на моделот, едната со натпис Вторник, а другата Четврток. Пред нив во ваков џемпер се видени и Дајан Кругер, Џиџи Хадид, Амал Клуни...
Инаку, еден ваков џемпер, кој е достапен во повеќе интензивни бои, чини околу 400 евра, додека пак, комплетот со сите седум дена во неделата изнесува околу 3.500 евра.
p>