Тренд: Кошули на преклоп

20 април 2018

Кошулите се едни од нашите омилени парчиња облека во било кое годишно време, па затоа и не изненадува фактот дека ќе ги носиме и пролетва.

Сезонава ќе бидат посебно актуелни оние на преклоп. Ова парче е практично, а одговара и на жени со различна градба.

Посебно им ласка на оние што имаат малку поголеми гради, но подеднакво добро знае да изгледа и на жени со помали гради, ако го искомбинирате правилно.

Со принт или еднобојни, не е важно, важно е да се пронаоѓате во тоа парче. Може да биде и со ремен околу половината, но и да биде на преклоп и ластик, па да немате потреба да ја врзувате со ништо.

Исто така, ова е одлично парче во кое вреди да инвестирате, бидејќи можете да го носите и на џинс, панталони, здолниште, а во зависност од тоа, лесно можете да го имплементирате и во деловниот стил, но и во секојдневниот.

Инаку, овие модели беа едни и од омилените на Мерилин Монро и Одри Хепберн.

Во продолжение погледнете некои предлози како можете да го носите ова парче:

Објавено:
20 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.623 пати