Тренд: Морнарски и морски мотиви на аксесоари и облека

12 мај 2014

Giuseppe Zanotti Giuseppe Zanotti

Ѓердани,обетки, рамни сандали, патики, кратки шорцеви и блузи, сите ги поврзуваат морските и морнарските симболи како котвата, рибите, школките, коралите, морнарските пруги. Популарните брендови и дизајнери понудија решенија што досега не често сме ги сретнувале. Директната инспирација од морето, водата и летото тие го насочија во создавање на парчиња облека и аксесоари на кои аплицираа вакви симболи или ги изработија во форма што директно потсетува на нив. Па така, модната куќа Диор се инспирираше од коралите со тоа што на писта презентира масивен егзотичен ѓердан кој инстантно стана популарен.

Dior Dior

 

Од Кензо пак, како и за претходните случаи кога на блузи употребија апликации од тигар и очи, овој пат нудат слична солуција на спортски дуксер со колоритна риба однапред. Доколку ви се допаѓаат набавете си некое слично парче што веруваме дека одлично ќе се совпадне со вашите комбинации за летно патување.

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Тренд