Тренди комбинации за интервју за работа

11 август 2015

Како се менуваат сезонски трендовите, така постојано добиваме нови инспирации за најсоодветниот изглед за работно интервју.

Но, едно основно правило кое важи независно од трендовите е: потрудете се секогаш да изгледате пристојно, средено и секако да се чувствувате удобно во тоа што го носите за да не ви предизвикува дополнителен стрес. А после тоа, имате можност да одберете некое ново трендовско парче, да поиграте со боите и да финиширате со некое суптилно парче накит.

 

 

Со оглед на тоа дека поголемиот дел од модните куќи секогаш имаат и своја линија за деловен или класичен изглед, лесно ќе најдете едноставни парчиња со минималистички дизајн што се најсоодветни за прилики како што е формалното интервју за работно место.

Овој период особено се актуелни здолништата со колоритни принтови што може да ги спарите со еднобојна кошула или пак панталоните со висок струк што изгледаат особено шик во комбинација со едноставна маичка со натпис. Од светски познатите дизајнерски имиња, Викторија Бекам e една од оние кои се препознатливи по дизајнот на софистицирана и модерна облека за деловните жени.

Во продолжение неколку предлози:

Објавено:
11 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.166 пати