Три блогерки - еден тренд

18 јуни 2014

Белата боја е незаменлива класика особено во лето, што модните блогерки секогаш го имаат во предвид во планирањето на својата стилска сезонска агенда.

Австралијката Џесика Стеин за елегантен изглед на одмор одбрала бел комбинезон од Miguelina изработен од тантела кој го облекла врз црн костим за капење. Комбинацијата ја финиширала со шарена чанта и бели сандали.

За идеален уличен стајлинг, следете го примерот на Гала Гонзалес која направила успешна комбинација на бел фустан од SelfPortrait со Chanel Boy чанта и Реј Бан очила за сонце.

Како трет и стајлинг ви посочуваме варијанта која е соодветна за летен урбан фестивал. Модната блогерка Шини Парк за фестивалско уживање предлага бел краток фустан од тантела од Асос во комбинација со црни чизми од Hunter и задолжителното must have парче за оваа сезона – чанта со реси.

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Тренд