Tвид: Од Шанел до улична мода

16 февруари 2023

Шанел и твид отсекогаш ја имале таа нераскинлива поврзаност. Коко беше таа што му даде централно место на твидот во нејзините добро препознатливи дизајни, за потоа Лагерфелд да внесе една модерна нота.

Така, легендарното сако и здолниште, кои што важеа за формална комбинација, излегоа од канцеларијата и се преселија на улиците.

Денес може да сретнеме твид парчиња во секаква комбинација, со фармерки, кошули, чизми, па дури и патики.

Модата дозволува да експериментираме буквално со сè, а ако сте расположени за твид слободно украдете некоја идеја од тука.

 

 Фото: Pinterest

Објавено:
16 февруари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
969 пати
Тагови: 
твид Шанел