Унисекс хулахопки од Емилио Чавалини

16 јануари 2014

Па така во новите колекции на модните куќи се забележува тренд на машки парчиња како нов женски тренд, а додека пак мажите покрај чевлите со високи потпетици и клач чантите, стануваат фанови на хулахопките во сите можни нијанси и стилови.

Италијанската модна куќа Емилио Чавалани создаде интересна унисекс колекција хулахопки кои варираат од еднобојни, до оние со интересни геометриски принтови, пруги или пак точки. Интересно е да се знае дека со ваквата продажба започнале уште во 2009 година и до сега имаат нагорна линија на продажба кај машкиот дел од купувачите.

Овие модели на хулахопки се популарни во Германија, Скандинавија, Франција, Канада и САД, а големата заинтересираност за истите е доволна за да станат вистински тренд.

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Тренд