Викенд предлог комбинација

3 мај 2014

Бидејќи времето надвор повторно е тмурно и меланхолично,  претпоставуваме вие пак  имате дилема како да се облечете без да наврнете или да ви биде претопло. Пролетта е идеална за разни варијации од комбинациите, затоа во продолжение ви нудиме сугестија од  една комбинација која од дневна може да ја адаптирате за вечерна со мали измени. Цветниот принт е сигурна тренди варијанта, па така спојте ги таквите панталони со едноставна бела маичка или кошула за преку ден, додека за вечерно излегување во град ви предлагаме да ја нагласите женственоста со транспарентна кошула и високи потпетици во пастелна нијанса. Според боите од принтот на панталоните изберете го накитот кој одговара. Имајте убав викенд!

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Тренд