Викенд стилски спој: плетен елек + кошула

26 февруари 2022

...И не само за викенд, стилскиот спој на кошула со плетен елек е совршен избор и за деловен и за опуштен изглед, се разбира во зависност од тоа како ќе го комбинирате во комплетната слика.

Но, во нашиот денешен моден фокус се викенд комбинации со плетен елек и кошула.

Опциите за комбинирање на овие две парчиња кои не губат од својата актуелност, се инспиративни и бројни.

Ако почнеме од кошулата, тогаш ќе посочиме дека моделот може да биде класичен, еднобоен или со пруги, потоа романтичен, со впечатлива јака, со панделка или пак во комбинација со тантела.

Плетениот елек пак, може да биде во потесен или полежерен крој, со пократка или миди должина. Модните додатоци имаат клучна улога и во овој случај, па додавањето на еден ремен околу струкот ќе значи многу во дефинирањето на комплетниот изглед.

За викенд спој со оваа комбинација, идеално прилегаат хеланки, џинс со висок струк, па дури и панталони или здолниште во полежерен крој.

Чизми до колена или глужд, удобни патики, макси капут, зимски шешир или плетена капа – и веќе имате доволно инспирација за вашиот урбан викенд изглед.

Фото: Пинтерест

Објавено:
26 февруари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.345 пати