За мажи: Кои бои да ги носите според тенот

9 мај 2016

Колку и да ви звучи смешно, тенот влијае врз тоа дали некоја боја ви прилега или не. Во оваа пролет-лето сезона, кога сите преферираме повеќе боја, ние ви презентираме табела која ќе ви го олесни изборот кога купувате или одбирате што да носите.

Ако имате светол тен, а имате црвенкасти тонови на косата, тогаш црната и белата за вас не се добар избор, бидејќи ќе изгледате уште побледи. Наместо нив, одберете си маица, кошула, блуза во зелена, црвена или сини нијанси.

Ако сте пак, со светол тен, а имате кафени тонови на коса, пастелните нијанси се идеални за вас. Би било добро да не носите интензивно жолта, виолетова или сина.

Црномурестите пак треба да ги избегнуваат пастелните нијанси, за да не создадат голем контраст. Во листата на бои што одлично ќе ви прилегаат се земјените тонови.

Објавено:
9 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
529 пати
Тагови: 
тен бои мажи